Супер брз кредит


Ненаменски потрошувачки кредит на износ до 60.000 денари.

Аплицирајте од каде и да посакате, достапна онлајн апликација на секој уред...

Вие изберете на која трансакциска сметка ќе ги примите Вашите средства. По одобрувањето средствата ќе Ви бидат исплатени на наведената трансакциска сметка.

  • Без трошоци за аплицирање,
  • Без административни трошоци,
  • Одобрување за 30 минути,
  • Без жиранти, административна забрана и многу документација.

 

Валута МКД

Рок на отплата во месеци

Каматна стапка

Вкупна камата за период

Еднократна провизија

Месечна рата во МКД

СВТ

Вкупно за враќање

10.000 5 7,20% 181 1.700 2.036 131,13% 11.881
20.000 5 7,20% 360 3.400 4.072 131,13% 23.760
30.000 10 7,20% 997 6.000 3.100 78,63% 36.997
40.000 10 7,20% 1.332 7.000 4.134 66,23% 48.332
50.000 10 7,20% 1.664 8.500 5.166 63,33% 60.164
60.000 10 7,20% 1.998 9.990 6.200 75,26% 71.998
60.000 12 7,20% 2.366 9.990 5.197 61,15% 72.356

 

Категорија на клиенти:

  • Максимална возраст на клиентот од 67 години на денот на достасување на кредитот;
  • Клиентот да биде класифициран во категорија на ризик А во Банката, просечно на ниво на банкарски сектор во категорија Б;
  • Минимум 6 месеци работен стаж;
  • Историја на редовен кредитокорисник;
  • Ануитетот да не надминува ½ од платата
  • Минимален личен доход согласно утврдена минимална плата на ниво на Р. Македонија

 

Без жиранти, меници, нотарски заверени меници, солемизација на договорот за кредит или друг тип на обезбедување.

  • Копија од лична карта на кредитобарателот;
  • Потврда од плата со изразена просечна плата за последните три месеци или;
  • Исплатно ливче издадено од сметководството за последните 3 месеци или;
  • Извод од трансакциска сметка со промет за последните три месеци

 

3 чекори до Супер брз кредит – Аплицирајте, прикачете и потпишете, останатото е грижа на Банката

  1. Вие може да аплицирате од каде и да посакате, апликацијата е достапна на секој уред...
  2. Во рок од 30 минути ќе добиете СМС порака со одговор на барањето.
  3. На испратениот линк на Вашиот маил е потребно да прикачите лична карта, исплатно ливче или потврда за плата или извод од трансакциска сметка за последните три месеци.
  4. На Вашата електронска пошта, во две електронски пораки ќе добиете Апликација/изјава за поврзаност и Договор за кредит/(амортизационен план и свт) кои е потребно да ги потпишете со Ваше име и презиме.
  5. Документите ги потпишувате електронски со времен сертификат.
  6. Средствата ќе бидат префрлени истиот работен ден до 14 часот, доколку документацијата биде потпишана по 14 часот исплатата ќе биде наредниот работен ден до 14 часот.

Повеќе за чекорите и постапката за аплицирање, прикачување и потпишување на документите прочитај тука: Упатство за аплицирање и потпишување на документите за кредит

По пополнувањето на основните податоци, одговорниот референт има обврска да ве извести во рок од половина час за првичниот одговор на Вашата електронска адреса (во периодот од 08:00-18:00, од понеделник до петок) и за натамошните чекори.

 

 

За сите дополнителни информации или помош при прикачување или потпишување на документите контактирајте не на тел: + 389 2 3102 510; + 389 76 458 673 или e-mail: e-application@capitalbank.com.mk